Супер-тимот на Олимпијакос заглави во Истанбул

И покрај ѕвездените засилувања во текот на летото, тимот на Олимпијакос доживеа пораз во првото коло од новата сезона во Евролигата.

Тимот од Пиреја имаше тешка задача на гости кај Фенербахче каде домаќинот подобро се снајде и триумфираше со 82-71. На средина од последната четвртина резултатот беше 65-65, но до крајот Фенер направи серија од 17-6 и го скрши отпорот на противникот.

Потфрлија токму најголемите ѕвезди на Олимпијакос, Везенков остана на 11, а Фурние на само пет поени. Болдвин го предводеше Фенербахче со 19 поени на кои додаде 7 асистенции и 5 скока.