Погба се огласи откако му беше редуцирана казната: Конечно, завршува кошмарот

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба се огласи вечерва откако четиригодишната суспензија поради допинг му беше скратена на 18 месеци.

Тоа значи дека тој ќе може да заигра веќе во март 2025 година откако Европскиот суд за спортска арбитража во Лозана ја прифати неговата жалба.

„Конечно, кошмарот завршува. По одлуката на Арбитражниот суд за спорт, можам да се подготвувам за денот кога ќе се вратам и ќе продолжам да го следам својот сон. Постојано зборував дека ненамерно сум ги прекршил правилата на анти-допинг агенцијата и тоа не влијаело на моите игри“, порача, меѓу другото, Погба.

Тој се уште е обврзан со Јувентус кој не го раскина неговиот договор кога лани му беше изречена суспензијата.