Хаос на евролигашкото дерби: Јасикевичиус и Барцокас се фатија за гуша (ВИДЕО)
Непосредно по последниот звук на сирената, во клинч влегоа Шарунас Јасикевичиус и Јоргос Барцокас кои имаа жестока расправија што лесно можеше да прерасне и во тепачка. Додека одеше да се поздрави, литванскиот стручњак беше мошне гневен и урлаше по својот колега за потоа да продолжи вербалниот дуел додека не реагираа играчите на двете екипи.
Во својата изјава по натпреварот, Барцокас се пожали дека бил нападнат додека се обидувал да се поздрави со Јасикевичиус, но остана нејасно дали имало расправија меѓу нив двајца во текот на мечот.