Франција стигна до полуфинале на ЕП без постигнат гол од игра!

Француската репрезентација закажа полуфинале против Шпанија на Европското првенство (ЕП) во Германија, откако во четвртфиналето ја елиминираше Португалија на пенали со 5-3.

Интересно е тоа што Франција стана првата селекција во историјата на ЕП која стигнала до полуфинале без постигнат гол од игра.

„Триколорите“ во првото коло триумфираа со автогол на Австрија, потоа ремизираа против Холандија (0-0), а Мбапе стрелаше од пенал против Полска (1-1), додека во осминафиналето Франција беше подобра од Белгија со автоголот на Вертонген.