Феликс трагичар во пенал-рулетот: Франција ја елиминира Португалија

Франција славеше против Португалија во пенал-рулетот, откако по продолженијата резултатот беше 0-0, а трагичар од белата точка беше Жоао Феликс.

Првото полувреме не го одбележаа голем број шанси, односно имаше вкупно пет на двете страни, додека во вториот дел фудбалерите заиграа поактивно во нападот и Франција се закани дури 12 пати, но Диого Коста беше на висина на задачата.

Португалија, исто така, имаше осум обиди кон голот на Мајк Мењан, но чуварот на мрежата на Франција не дозволи да се затресе неговата мрежа.

Интересно беше и во продолженијата каде што двете репрезентации се закануваа, но мечот мораше да се решава во пенал-рулетот. Французите беа непогрешливи од белата точка, додека Феликс промаши кај Португалците.

Франција во полуфиналето на ЕП ќе се соочи против Шпанија, која претходно беше подобра од Германија.