Крос го одигра последниот меч во кариерата, па доби поздрав од публиката во Штутгарт (ВИДЕО)

Германецот Тони Крос ја заврши фудбалската кариера со поразот од Шпанија со 1-2 во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП).

Крос реши на крајот на минатата сезона да го напушти Реал Мадрид, по што кажа дека ЕП ќе му биде последниот турнир во богатата кариера.

Навивачите на стадионот во Штутгарт го поздравија германскиот херој по последниот судиски свиреж на Ентони Тејлор.