Хрватски НБА-ѕвезди се степале со пијани Грци во ноќен клуб во Атина! (ВИДЕО)

Хрватските кошаркари Дарио Шариќ и Ивица Зубац биле дел од инцидент кој се случил во дискотека во Атина и тоа по порзот на Хрватска од Грција во финалето од квалификацискиот турнир за место во Олимписките игри.

Хрватска загуби од Грција и не успеа да се пласира на Олимпијадата. Но, очигледно тоа не им пречеше на Шариќ и Зубац да излезат истата вечер и да се забавуваат во ноќен клуб. Се вели дека со нив биле и некои од другите нивни кошаркари.

Хрватските кошаркари влегле во физичка пресметка со локалци, Зубац бил и раскрвавен. Обезбедувањето во ноќниот клуб спречило уште посериозен инцидент.