ВМФЛ: Брегалница го победи Кожуф и се врати на врвот

Екипата на Брегалница останува лидер во Втората македонска лига откако денеска на свој терен беше подобра од Кожуф со минимални 1-0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна дефанзивецот Давид Стојков кој беше највисок во противничкиот шеснаесетник по едно нафрлување од десната страна.

Со оваа победа штипскиот тим се врати на врвот на табелата каде што беше Арсими откако ја оправда фаовритската улога против Вардарски (3-0) и славеше во единствениот натпревар кој се играше вчера.

Победа денеска забележа и Македонија Ѓорче Петров која на свој терен не дозволи изненадување против Осогово. Домашниот тим постигна по еден гол во двете полувремиња и тоа беше доволен за конечен триумф.

ВМФЛ РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО

Башкими – Победа 3-1

Беласица – Каменица Саса 2-2

Борец – Скопје 2-2

Брегалница – Кожуф 1-0

Детонит – Вардар Неготино 1-1

Македонија Ѓорче Петров – Осогово 2-0

Охрид – Новаци 3-1