Хаос во Лондон - за малку општа тепачка на Челси против Форест (ВИДЕО)

Челси и Нотингем форест одиграа вистински премиерлигашки меч со голема борба, тензија и желба за победа кој имаше и инцидент.

Натпреварот заврши 1-1, а еден од највпечатливите моменти беше инцидентот во кој учествуваа многу фудбалери на двете екипи.

Моментот се случи во 88. минута кога Кукуреља го собра помошникот судија, но тој не ни влезе во тепачката во која сепак надвладеа разумот, па заврши само со буткање меѓу фудбалерите, не и удари.