Досадно реми на Астон Вила и Јунајтед, не победи ниту Челси (ВИДЕО)

Во терминот од 15:00 часот во Премиер лигата се одиграа два натпревари во кои видовме два нерешени резултати, Астон Вила и Манчестер Јунајтед одиграа 0-0, а Челси и Нотингем Форест 1-1.

Натпреварот во Бирмингем не донесе фудбал како што се очекуваше и скоро и да не видовме ништо во текот на комплетните 90 минути. По ова реми главното прашање е дали Ерик Тен Хаг ќе остане тренер на Манчестер Јунајтед.

И во Лондон по првите 45 минути немаше погодоци, но продолжението донесе повозбудлива игра. Прво Крис Вуд постигна гол за Нотингем и ги доведе гостите во водство кое не траеше долго.

Се играше 57. Минута кога Мадуеке по асистенција од Палмер израмни на 1-1. Нотингем во завршницата остана и со играч помалку откако Ворд Праус заработи втор жолт картон, сепак резултатот не се промени.