Ѓорѓи Начевски нов претседател на ракометните судии

Ѓорѓи Начевски кој во својата кариера судеше голем број финалиња и важни натпревари низ светот е избран за претседател на Здружението на ракометни судии на Македонија.

Начевски беше избран од страна на делегатите кои едногладно му ја дадоа довербата на денешното Изборно собрание во Кавадарци.

Прв човек на ракометните судии во Македонија, Начевски ќе биде во наредните четири години.

Покрај изборот на Начевски во Кавадарци денеска биле избрани нов Управен и Надзорен одбор.

Здружението на ракометни судии на Македонија денес 06.10.2024 во Кавадарци одржа Изборно собрание на кое едногласно беше избран Ѓорѓи Начевски за претседател на ЗРСМ во наредните 4 год 2024/28. Избран е нов Управен Одбор, нов Надзорен Одбор, Стручна комисија , исто така се донесени многу одлуки и правилници за идниот мандат од четири години.