Веруваше во сонародникот: Гвардиол предвреме почна да го слави голот на Ковачиќ (ВИДЕО)

Матео Ковачиќ беше еден од најдобрите на теренот во победата од 3-2 на Манчестер Сити против Фулам во која постигна два погодоци.

Ковачиќ прво постигна гол за израмнување во 32. минута, а потоа во 47. Стрелаше за целосен пресврт.

При вториот гол на „граѓаните“ вниманието го привлече и неговиот сонародник Јошко Гвардиол кој почна да го слави голот веднаш по шутот на Ковачиќ.