Французите лути на Мбапе: Секогаш имал поддршка, но уништи се!

Килијан Мбапе во саботата одигра 71 минута во победата на Реал Мадрид над Виљареал и тоа е изненадување затоа што пред само неколку дена го откажа повикот во француската репрезентација со објаснување дека е повреден.

Мбапе поради повреда го пропушти дербито со Атлетико Мадрид и се очекуваше да паузира уште некој ден, сепак одигра повеќе oд половина час против Лил во Лигата на шампионите во средата, додека против Виљареал вчера играше од првата минута.

„По драмите надвор од теренот во ПСЖ, француската репрезентација беше единственото место каде што Мбапе секогаш имаше голема поддршка, но во само шест месеци тоа го уништи и сега тешко дека прстот може да се впери во некој друг“, објави францускиот новинар Афало.