Алкараз се помачи, но не изгуби сет против 560. тенисер на АТП листата

Шпанецот Карлос Алкараз потешко од очекуваното дојде до победа против Кинезот Јибинг Ву кој е дури 560-ти тенисер на АТП листата.

Алкараз беше подобар со 2-0  (7-6, 6-3) во сетови и така се избори за осминафинале.

Во осминафиналето Алкараз го чека меч против подобриот од француската пресметка помеѓу Монфис и Умбер.

Игра во добра форма Алкараз и е во серија од 11 победи, но денеска се мачеше повеќе од еден час иако влезе како голем фаворит. Домашниот тенисер во првиот сет имаше и водство во тај-брејкот со 1-3 и 4-5, сепак Алкараз ја сврти ситуацијата и го освои првиот сет.

Во вториот сет Ву не успеа да го задржи истото ниво на игра, па освои само три гема.