Билбао промаши два пенали, па беше сурово казнет: Жирона победи без Миовски (ВИДЕО)
Гостите од Билбао први имаа голема прилика да дојдат до преднсот, но не искористија пенал во 28. минута. Казната стигна само десетина минути подоцна кога Асприлиа погоди за 1-0. Билбао сепак не замина со негатива на паузата и брзо израмни на 1-1.
Се играше 58. минута кога госатинскиот тим доби уште еден пенал, а сега не реализираше Херера.
Промаши Билбао и уште неколку одлични прилики, голманот Газинга блескаше на голот. Казната за сите промашувања стигна во деветтата минута од судиското продолжение и тоа од пенал. Кристијан Стуани ја презема одговорноста и донесе три бода за својот тим.
Goal Girona 2-1 Bilbao
— Toni (@Footballfan0088) October 6, 2024
Cristhian Stuani#GironaAthletic #LALIGAEASPORTS pic.twitter.com/upTXRn5hVX
Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.