Никогаш не е здодевно на Скопски: Бетмен слета на целта, некои трчаа со - скокање (ФОТО)
Ако во минатото ги имавме Супермен и Аквамен, оваа година на целта „слета“ Бетмен во својот традиционален костум, само без Робин и нормално без својот Бетмобил. Беше прекрасно да се гледа колоната среќни тркачи, меѓу кои најмногу беа тие што сакаа да се забавуваат.
Па така, годинава имавме и такви што повеќе сакаа да скокаат наместо да трчаат, секако кога во близина беа многумината фоторепортери.