Синер со пресврт го скрши Ечевери за осминафинале во Шангај

Првиот тенисер на АТП-листата, Јаник Синер славеше против Томас Мартин Ечевери со 2-1 во сетови во битката за осминафинале на мастерсот во Шангај.

Аргентинскиот тенисер имаше одличен почеток на мечот и го освои првиот сет во тај-брејк со 7-3, но тоа го разбуди Синер кој се разигра во следните два сета и направи целосен пресврт.

Синер направи брејк во петтиот гем од вториот сет за водство од 3-2, но Ечевери го возврати ударот и израмни на 3-3. Сепак, Аргентинецот не го одбрани следниот сервис и му дозволи на Италијанецот да ја преземе контролата за да слави со 6-4.

Ечевери делуваше изгубено на теренот во третиот сет, каде што Синер лесно ги освојуваше поените и ги користеше грешките на ривалот, па со два брејка стигна до 6-2.

Синер во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Бен Шелтон и Роберто Карбаљес Баена.