Џудистката Богдановска освои бронзен медал на Балканијадата во Тирана!

Македонската џудистка, Ива Богдановска, оствари голем успех на Балканското првенство (БП) во Тирана, откако во категоријата до 63 килограми се најде на победничкиот пиедестал со бронзениот медал на градите.

Таа на патот до одличјето оствари три победи и имаше еден пораз. Повеќе од солиден настап имаше и Анамарија Стојмиловска, која беше на чекор до медал, но во борбата за третото место беше поразена од турска џудистка и на крајот заврши како петтопласирана.

На Балканското првенство учествуваа уште Лилјана Недановска, Азра Заими, Сергеј Димитријоски и Никола Магдески. Денеска ќе настапи и Борјана Поп Атанасова и потоа следува натпреварот во микс тим.