Бивш фудбалер на Интер: Кокаинот и оргиите ми го уништија животот!

Поранешниот италијански фудбалер Фабио мачелари има неверојатна животна приказна. Тој беше голем талент, а во кариерата играше за Лече, Болоња, Каљари и Интер, при што заработи многу пари во кариерата, но на крајот загуби сè.

Кога во 2000 година стигна во Интер за седум милиони евра, каде што ја делеше соблекувалната со Бразилецот Роналдо, Мачелари не можел ниту да сонува дека еден ден ќе падне на дното.

Италијанецот не можел да се откаже од неговите пороци кои му го уништиле животот, а при гостување во една емисија ја отвори својата душа и раскажа што се случувало.

„Во Болоња паузирав четири ипол месеци поради операција, а за тоа време решив да изнајмам јахта. Таму ми се приклучија и згодни Русинки, имаше луда забава. Кога дозна клубот за мене, ми го раскина договорот“, кажа Мачелари.

Мачелари претходно призна и дека редовно користел кокаин додека играл фудбал, па многу пари потрошил на дрога.