Медведев по епска борба, долги паузи и кавги со судијата вторпат победи во Шангај!

По речиси тричасовна голема борба, кавги со судијата, долги паузи за тоалет, Данил Медведев, се пласира во осминафиналето на мастерсот во Шангај.

Рускиот тенисер со пресврт го совлада Италијанецот Матео Арналди(5-7, 6-4, 6-4), кој му пружи и тоа како силен отпор.

„Многу тежок и неизвесен натпревар. Мислам дека требаше да го освојам првиот сет, но еден лош гем скапо ме чинеше. Во вториот можеби противникот заслужи да го освои, но затоа тенисот е луда игра - губиш кога очекуваш да победиш и обратно“, изјави Медведев.

Медведев во следната рунда го чека подобриот од пресметката помеѓу Циципас и Милер.