Бобан откри како заминал од Милан: Се уште сме на суд

Звонимир Бобан периодот помеѓу 2019 и 2020 година беше директор во Милан каде што соработуваше со Паоло Малдини, но тогаш беше отпуштен од тогашниот извршен директор на Милан, Иван Газдис за кого изјави дека му работел зад грб.

Бобан пред да биде отпуштен за италијанските медиуми зборуваше дека Газдис без негово знаење сакал да го доведе Германецот Ралф Рагник.

Хрватот и бил свесен дека по тоа интервју повеќе нема да биде во Милан.

„Заминав поради интервјуто, но јас го сметам за целосно легитимно. По само неколку месеци повеќе немавме ниту поддршка, ниту доверба,. Сакаше да го доведе Рагник, преговорите започнаа, а не бевме информирани. По зимскиот преоден рок во кој ги доведовме Салемкарс и ибрахимовиќ, а заминаа Сосо и Пјонтек не успеавме да ја зацврствиме позицијата. Поради тоа требаше да се обратиме на јавноста. Го дадов интервјуто за „Газета дело Спорт“ затоа што сметав дека тоа беше исправен потег, они ме отпуштија како и што очекував. Се уште сме на суд. Жал ми е, но таков е животот“, изјави Бобан.