
Вардар и Новоматик утре го потпишуваат договорот!
Со ова се очекува да заврши неколку годишниот лош период за црвено-црните, кои две сезони дури играа во Втора лига, а кои годинава прволигашкиот статус го задржаа преку бараж.
Според вестите од преговорите што се водеа изминатиот период велат дека ова е е соработка која ќе донесе насмевка кај армијата навивачи на Вардар, бидејќи води кој остварување на најавите за формирање буџет од неколку милиони евра, што би гарантирало и враќање на шампионските патеки.
„Новоматик“ е моќна интернационална компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави. Оваа компанија на светско ниво има преку 20.000 вработени и вкупен годишен приход од 1,8 милијарди евра.