„Забранети“ дуелите помеѓу МЗТ, Работнички и Пелистер во првата фаза од АБА2!

Новата сезона во АБА2 лигата ќе се игра според нов систем, во првата фаза македонските претставници нема да можат да играат еден против друг, ждрепката е закажана за 15. јули.

Врз база на резултатите од домашните натпреварувања и добиените вајлд-карти, 16. учесници во новата сезона од АБА лигата се поделени во четири шешири за ждрепката која ќе се одржи наредниот понеделник.

Ќе бидат формирани четири групи (А, Б, Ц и Д) од по четири екипи, во оваа фаза нема да може тимови од исти земји да играат заедно.

Во секоја група секој ќе се соочи со секој по класичен систем дома-гости. Двата најдобри тима од секоја група ќе се пласираат во Топ 8 фазата од натпреварувањето.

Тие ќе се поделат во две групи (Е и Ф), секоја ќе содржи по четири тима. И во овие групи тимовите ќе играат секој со секој дома-гости. Најдобрите две од двете групи ќе се пласираат во плеј-оф. 

Во плеј-офот ќе има полуфинале и финале, ќе се игра во серии подобар од три (1-1-1).

Шешир 1:
МЗТ Скопје
Подгорица
Војводина
Златибор

Шешир 2
Борац
Кансаи Хелиос Домжале
Широки
Сутјеска

Шешир 3
Босна 
Цедевита Јуниор
Илирија
Пелистер

Шешир 4
Работнички
Шибеник
Вршац
Теодо Тиват