Ѓоковиќ го „стегна стомак“ среде гем, па истрча во тоалет и доби - казна (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ имаше непријатен момент на мечот од осминафиналето против Холгер Руне поради што ги прекриш правилата, доби казна, но не му беше сеедно.

По сигурно освоениот прв сет, Новак имаше голема броба со Руне во вториот сет. Во еден момент српскиот тенисер почувствува потешкотии во стомакот.

Го замоли судијата да го пушти накратко до тоалет, но одговорот не беше позитивен, бидејќи играчите имаат право на пауза за тоалет меѓу сетовите, а не во среде сет.

Кога Ѓоковиќ го доби гемот за 3-2 во вториот сет, отрча во тоалет.

Паузата меѓу гемовите трае 45 секунди, а Новак од тоалетот излезе за двојно подолго, се врати за 90 секунди.

Судијата рече „тајм“ пред Новак да се врати, па мораше да му додели казна во вид на усмена опомена.

Тоа не му се допадна на Новак, со негодување ја прифати одлуката. И во продолжението од сетот се држеше за стомакот сакајќи да каже дека случајот му е посериозен отколку што судијата мисли.