Димитриевски го имаше првиот тренинг во дресот на Валенсија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Столе Димитриевски ова лето го напушти Рајо Валјекано и потпиша за Валенсија чиј гол ќе го брани од следната сезона.

Димитриевски денеска ги почна подготовките за новата сезона со Валенсија, а веќе го одработи првиот тренинг со новите соиграчи.

Голманот на Македонија се очекува да биде прв избор за „лилјаците“ поради тоа што Мамардашвили ќе ја напушти Валенсија.