Новак рутински го збриша Руне за пласман во четвртфинале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ релативно лесно во три сета го победи Холгар Руне и се пласираше меѓу осумте најдобри на Вимблдон.

Се очекуваше поголем отпор од Руне, но Новак Ѓоковиќ за два часа го среди данскиот тенисер.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6-3, во вториот беше подобар со 6-4, а најубедлив беше во последниот трет, кој го доби со 6-2.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Де Минор кој со 3-1 беше подобар од Филс.