Дешам се налути: Ако сме здодевни, не мора да нè гледате!

Францускиот селектор Дидие Дешам одржа прес-конференција пред полуфиналето против Шпанија на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Франција не постигна ниту еден гол од игра и поради тоа добива критики од навивачите, а еден од новинарите му постави прашање на Дешам зошто екипата не игра атрактивен фудбал.

„Дали сте Швеѓанец? Живеете во Франција... Би рекол дека сте француски новинар претворен во Швеѓанец. Ако ви е здодевно, сменете го каналот. Не мора да ги гледате нашите натпревари. имаме способност да ги израдуваме Французите, а жал ми е ако вам во Шведска ви е здодевен нашиот фудбал“, кажа Дешам.

Победникот од мечот меѓу Шпанија и Франција ќе игра во финале против подобриот од дуелот меѓу Холандија и АНглија.