Фриц го исфрли Зверев, историски триумф за Мусети!

Четвртиот носител на Вимблдон, Александер Зверев го заврши настапот откако по голема борба загуби со 3-2 во сетови од Тејлор Фриц, Лоренцо Мусети го направи најголемиот успех во својата кариера откако триумфираше врз Перикард со 3-1.

Зверев одлично влезе во мечот со Фриц, поведе со 2-0 откако ги доби првите два сета со 6-4 и 7-6 (4).

Се чинеше дека Германецот ќе нема проблем да дојде до очекуваната победа, но Тејлор Фриц ги доби наредните три сета и со голем пресврт дојде до огромен триумф. Третиот сет Фриц го доби со 6-4, во следниот триумфираше со 7-6(3), а во петтиот решавачки со 6-3.

Фриц во четвртфиналето ќе игра против Мусети кои го направи својот најголем успех откако со 3-1 го победи Перикард и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Првпат стигнува толку далеку на грен-слем турнир.

Перикард го доби првиот сет со 6-4, но следните два му припаднаа на Мусети со 6-3, 6-3 и 6-2.