Елмас почна со подготовки за новата сезона со Лајпциг (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, по краткиот престој во Македонија, се врати во Германија каде што ги почна подготовките со Лајпциг за новата сезона и идните предизвици со бундеслигашот.

Елмас беше во татковината, каде што искористи дел од времето да му помогне на својот татко во слаткарницата во скопската населба Автокоманда, но по паузата повторно е дел од „биковите“ кои следната сезона ќе се обидат да постигнат подобри резултати.

Лајпциг минатата сезона ја заврши на четвртата позиција во германскиот шампионат, но се закити со трофејот во Суперкупот.

Репрезентативецот на Македонија минатата сезона настапи на 16 натпревари за Лајпциг, а притоа не се запиша во листата на стрелци.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by RB Leipzig (@rbleipzig)