Синер во три сета го здроби Кецмановиќ за осминафинале на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Јаник Синер вечерва славеше против Миомир Кецмановиќ со 3-0 во сетови, односно 6-1, 6-4 и 6-2 за пласман во осминафинале на Вимблдон.

Синер фуриозно го почна натпреварот и во првиот сет му дозволи на Србинот да освои само еден гем, додека Кецмановиќ во вториот сет даде поголем отпор меѓутоа загуби со 4-6, додека во последниот Италијанецот повторно беше одличен и со 6-2 се пласира во следното коло на турнирот.

Првиот тенисер на АТП-листата во осминафинале ќе се соочи против победникот меѓу Шаповалов и Шелтон.