УЕФА отвори истрага против Демирал поради контроверзната прослава (ФОТО)

Европската фудбалска унија (УЕФА) и официјално соопшти дека е отворена истрага против турскиот репрезентативец Мерих Демирал поради контроверзна прослава за време на дуелот против Австрија.

Турчинот прослави со симбол кој е поврзан со екстремистичката група „сиви волци“, кои се залагаат за обединување на сите турски народи во една држава од Балканот, па сè до Кина.

УЕФА ќе го провери потегот на Демирал и доколку се потврди дека има политичка позадина, тогаш турскиот репрезентативец ќе добие суспензија.