Драган Стојков потпиша нов договор со Брера

Македонскиот прволигаш Брера Струмица денеска потпиша договор со еден од столбовите на клубот, а тоа е искусниот дефанзивец Драган Стојков.

Стојков пристигна во Струмица во јануари оваа година, а притоа во пролениот дел од сезоната настапи на 12 меча за Брера и имаше една асистенција.

Искусниот дефанзивец досега во кариерата го носеше и дресот на екипи од Грција, Србија и САД, додека во Македонија играше за Работнички, Тиквеш, Беласица и Македонија ЃП.