Голден Стејт пред потпис со еден од најдобрите тројкаши во НБА

Поранешниот шампион Голден Стејт вориорс наскоро ќе потпише договор со Бади Хилд кој минатата сезона го носеше дресот на Филаделфија севентисиксерс, а важи за еден од најдобрите тројкаши во НБА-лигата.

Хилд во текот на својата кариера во најсилната кошаркарска лига има успех од 40 отсто при ударите за три поени, а исто така тој е еден од кошаркарите кои од 2020 година, па досега имаа повеќе од 1.000 тројки во НБА.

Искусниот кошаркар досега во НБА-лигата го носеше дресот на Њу Орлеанс, Сакраменто, Индијана и Филаделфија.