Дончиќ по поразот од Хрватска: Си ја видов статистиката - ужас!

Словенија синоќа доживеа пораз од Хрватска со 108-92 во првиот меч од квалификацискиот турнир за Олимписките игри, Лука Дончиќ беше самокритичен по натпреварот.

Поразот може да ги чини многу Словенците, тие сега треба да го победат Нов Зеланд за да завршат втори, а тоа значи дека ќе добијат победник од другата група која се игра во Пиреја.

Дончиќ реализираше трипл-дабл, 26 поени, 11 скокови и 10 асистенци, но со катастрофален процент за шут, погоди 8 пати од 23 обиди.

Тој е свесен дека мора многу подобро за да не останат без место на Олимијадата.

„Ја погледнат статистиката, го видов процентот, тоа е ужасно, морам да играм многу подобро од ова. Хрватска одигра одлично, бевме надиграни во секој елемент. Одбраната не ни беше добра, почнувајќи од мене. Мора да играме многу подобро од ова што го одигравме сега, да имаме подобра енергија кога играме за Словенија“, изјави Дончиќ.