Германија е пред елиминација, Олмо погоди за водство на Шпанија (ВИДЕО)

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо ја затресе мрежата на домаќинот Германија во 51. минута и донесе водство на својата селекција во борбата за полуфинале на Европското првенство (ЕП).

Олмо доби одлична асистенција од Ламин Јамал, па без проблеми ја испрати топката во мрежата на Мануел Нојер.