Алкараз се намачи за осминафинале на Вимблдон – му требаа пет сета и тоа со пресврт!

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, неочекувано пролеа многу пот за да се пласира во осминафиналето на Вимблдон, откако му требаа дури пет сета за да го совлада Френсис Тиафо (5-7, 6-2, 4-6, 7-6, 6-2).

Американецот одигра фантастично, од сите страни вршеше притисок врз фаворитот, кој долго време не можеше да ја најде својата игра. Ниту тоа што Алкараз прв направи брејк во првиот сет и поведе со 4-2 не влијаеше психолошки на Тиафо, кој до крајот на овој дел од играта направи серија од 5-1 што значеше стартно водство. Следувеше брза реакција на Карлитос во вториот сет, кој беше убедливо негов најдобар период на игра на натпреварот. Тиафо повторно беше подобар во третиот сет, откако можеше да направи брејк прво во првиот гем, потоа во третиот, а кога ниту во тоа не успеа - го направи во седмиот, кога имаше две брејк топки. Тоа му беше апсолутно доволно за водство од 2-1 во сетови, бидејќи Алкараз никако не можеше да му го одземе сервисот.

Четвртиот сет беше толку изедначен што до тајбрејкот немаше ниту една брејк топка. А, во 13-иот гем се случи целосен крах на Американецот, кому ништо не му поаѓаше од рака, додека Шпанецот редеше поени и брзо стигна до 5-0. Ова водство му донесе можност за лесна егзекуција и шанса за решавачки петти сет. А, во него немаше дилема, бидејќи Алкараз докажа зошто важи за „крал“ на петти сетови. Успеа двапати да го одземе сервисот на Тиафу, прво за 2-1, а потоа и за 4-1, по што едноставно немаше дилема околу крајниот исход.

Алкараз во следното коло Алкараз ќе ги одмери силите со победникот од мечот помеѓу Иго Амбер и Брендон Накашима.