Ѓоковиќ играше против двајца тенисери пред мечот со Руне (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за осминафиналето на Вимблдон, каде што ќе се соочи против Холгер Руне, а интересно е тоа што на тренинг се појави против двајца тенисери.

Ѓоковиќ играше на тренинг против Марк Максимовиќ и Кејлеб Симс во исто време, па успеа да се „загрее“ за вистинскиот предизвик кој го очекува денеска.

Поранешниот рекет број еден сака да ја освои титулата на Вимблдон, откако минатата година во финалето загуби од Карлос Алкараз со 2-3 во сетови.