Барселона сака да купи Шпанец кој воодушеви на ЕП 2024

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека е подготвен да го купи шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.

Вилијамс е вистински хит на Европското првенство (ЕП) и воодушеви со неговите настапи, а со тоа привлече и голем интерес од европските гиганти.

Талентираниот фудбалер потпиша договор со Атлетик Билбао до 2027 година, но има откупна клаузула од 46,5 милиони евра колку што е подготвен да исплати Лапорта.

Барселона имаше сериозни финансиски проблеми во изминатиот период, па поради тоа новинарите го прашаа Лапорта колку е подготвен на ваков потег.

„Ми се допаѓа Нико. Можам да кажам дека имаме пари да го купиме. Тоа е резултат на одличното работење во изминатиот период“, кажа Лапорта.

Шпанскиот фудбалер минатата сезона постигна осум голови и 19 асистенции за Атлетик Билбао на 37 настапи.