Си бара ли нова работа: Перо Антиќ на „проба“ за помошен тренер во Феникс санс!? (ВИДЕО)

Се уште првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ, изминативе денови беше на „проба“ во САД и тоа за местото помошен тренер во стручниот штаб на Феникс санс.

Тој беше дел од тренерскиот тим на Мајк Баденхолцер, кој му беше тренер додека настапуваше за Атланта хокс како прв Македонец во НБА-лигата. Антиќ беше облечен во истата опрема како и останатите стратези на Феникс, а за неговиот пробен период кај поранешниот тренер пишуваа дури и американските медиуми.

„Поранешниот НБА-центар, Перо Антиќ, е потенцијален кандидат за место во стручниот штаб на Феникс, со оглед што е дел од овој тим во Летната лига. Има играно за националната селекција на Македонија, како и за Атланта под раководство на Буденхолцер“, пишуваат Американците.

Антиќ го одработува вториот мандат на позицијат прв човек на КФМ, но во последно време се погласни се шпекулациите за негова смена, најмногу поради лошата работа и фактот што македонската кошарка континуирано паѓа надолу.