Екс-фудбалер на Баерн доби парична казна поради насилство!

Познатиот германски фудбалер Жером Боатенг беше прогласен за виновен поради насилство кон неговата поранешна девојка, по што му беше изречена парична казна.

Боатенг ќе треба да уплати 100.000 во хуманитарни цели, а доколку го повтори делото ќе исплати уште 200.000 евра.

„Мило ми е што конечно заврши овој кошмар. Сега сакам да се посветам на семејството и фудбалот“, кажа Боатенг.

Поранешниот германски репрезентативец најдобрите настапи ги имаше во Баерн Минхен, а во кариерата играше и за Херта, Лион, Салернитана и ЛАСК.