Левандовски ги воодушеви навивачите на Барса - побарал да му биде намалена платата
Барса е во големи финансиски проблеми поради кои често не може да ги регистрира своите фудбалери, но за да се реши тоа, се понудил лично Левандовски.
„Морам посебно да го спомнам бидејќи покажа колку му значи клубот. Кога слушна дека мораме да вложиме дополнителен труд за да ги задоволиме правилата од финансискиот ферплеј и на тој да ги регистрираме играчите, побара да му биде намалена платата“, откри Лапорта.
И со намалувањето, Левандовски повторно ќе има висок приход бидејќи неговата бруто плата за претстојната сезона изнесува 33 милиони евра.