Ракометарките се собраа, ќе тестираме во Турција пред настапот на ЕП

Македонската женска репрезентација денеска го одржа собирот во пресрет на предизвиците кои следат и настапот на Европското првенство.

Во наредниот период ракометарките ќе учествуваат на турнир во Турција кој ќе биде дел од подготовката за континенталниот собир. Турнирот ќе се одржи од 27 до 29 ноември.

Избраничките на селекторот Игор Марковиќ ќе го отворат настапот против Финска на 27 ноември, ден подоцна следи дуел со Италија, а во последниот натпревар ќе тестираме со домаќинот.

Дуелите со Финска и Турција ги играме во терминот од 18:45 часот, додека со Италија ќе се соочиме во 16:30.

Европското првенство е закажаано за почетокот на декември и на него Македонија ќе биде во група со Швајцарија, Романија и Норвешка. Со Швајцарија ќе играме на 4 декември, против Романија два дена подоцна и против Норвешка на 8 декември.