Хаос во Франција: Ограбена е продавницата на фудбалски гигант (ВИДЕО)

Протестите кои ексалираа во Франција не ги поштедија ниту фудбалските клубови. На удар се најде официјалната продавница на Олимпик Марсеј, која беше ограбена за време на немирите.

Група маскирани лица насилно влегле во објектот и украле голема количина на производи, при што предизвикале значителна материјална штета.

Од Олимпик Марсеј остро ги осудија насилството и грабежот, а исто така најавија дека јавноста дополнително ќе биде информирана за повторното отворање на објектот.