Сити добива казна која ќе го остави најмалку две години во Чемпионшип?
Според новите информации кои ги објави „Дејли Мејл“ се очекува Сити да добие драстична казна со одземање бодови, која практично ќе значи сигурно испаѓање. Во извештајот се наведува дека челниците на Премиер лигата вршат притисок казната за Сити да биде објавена пред да бидат познати резултатите од жалбената постапка.
Според извештајот, најверојатната казна е големо одземање бодови, што речиси ќе ги оневозможи „граѓаните“ да го избегнат испаѓањето. Но, Сити би можел да добие и уште една казна со одземање бодови, поради која би останал во второто ниво на англискиот фудбал уште една година, се наведува во текстот.
Се додава дека исфрлањето на клубот во најниските нивоа на професионалниот фудбал е малку веројатно затоа што тоа би предизвикало хаос. Откако ќе биде потврдена големата казна за Сити, на клубот би требало да му биде дозволено повторно да се изгради, во момент кој би предизвикал тектонски промени во англискиот фудбал.
Ќе потсетиме, клубот од „Етихад“ беше прогласен за виновен за сите обвиненија поврзани со сериозни прекршувања на финансиските правила на Премиер лигата во период од девет сезони, како и за повеќето обвиненија поврзани со недоволната соработка во текот на истрагата на лигата.