Селекторот на жените е нов тренер на Тиквеш!
На кормилото на кавадарчани ќе седне селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски.
Македонскиот стратег ќе се обиде со Тиквеш да се избори за добри резултати во македонската ракометна Суперлига, но и во ЕХФ-купот.
Грчевски ја извршува функцијата селектор на женската ракометна репрезентација од 15 септември 2023 година, откако претходно ги предводеше и кадетите.