Правилото на Венгер за офсајд веќе се тестира во Канада (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Ванкувер и Интер Торонто беше искористен за да се тестира правилото на Арсен Венгер за офсајд, кое треба да го промени фудбалот.

Интер Торонто постигна гол за 3-3 во 97. минута од ситуација која би била офсајд ако се суди според актуелните правила, но не и по правилото на Венгер.

Според новото правило, офсајд ќе се досуди само доколку фудбалер со целото тело е зад одбраната на противникот.