Бура во Ирска: Репрезентативец го напушти националниот тим поради дуелите со Израел!

Репрезентацијата на Ирска одлучи да ги одигра дуелите против Израел во Лигата на нации, меѓутоа резервниот голман Гавин Базуну како знак на протест за одлуката реши да ја напушти селекцијата.

Голманот претходно јавно се спротивстави на одигрувањето на натпреварот против Израел, а сега потврди дека повеќе нема да биде дел од репрезентативниот тим.

Базуну претходно соопшти дека не сака да настапи во натпреварот, а доби поддршка од шест други колеги, меѓутоа на гласањето најголем дел од членовите на Ирска гласаа да се одиграат натпреварите.

Чуварот на мрежата, сепак, не го промени својот став и поради тоа реши да го напушти националниот тим.

Првиот натпревар меѓу Израел и Ирска е закажан за утре од 20.45 часот, додека вториот дуел се игра на 4 октомври од 20.45 часот.