Расел издоминира во Баку, Мекларен немаше свој ден

Џорџ Расел ја искористи пол-позицијата и стигна до победа на денешната трка која се возеше на улиците на Баку.

Возачот на Мерцедес издоминира на патеката и водеше од почетокот до крајот. Зад него заврши Макс Ферстапен од Ред Бул, а неговиот тимски колега Исак Хаџар го пополни. последното место на подиумот.

Шарл Леклер трката ја заврши како четврти, пред него беше лидерот во генералниот пласман Кими Антонели. Зад нив во топ десет беа уште: Хамилтон, Либланд, Окон, Берман и Сајнц.

Возачите на Мекларен имаа лош ден, па така и Ландо Норис и Оскар Пјастри не ја завршија трката.

За Расел оваа победа е негова осма во кариерата. Антонели и по оваа трка ќе остане лидер со 302 бода, додека Расел е зад него со 236. Следната трка на програмата е на 4 октомври во Бахреин.