Eгипет остана без првата ѕвезда, Салах не сака да игра на вештачка трева

Мохамед Салах нема да патува со Египет во Јужен Судан за нивниот втор квалификациски натпревар за Африканскиот куп на нации. Египетскиот фудбалски објави дека одлуката е донесена поради вештачката трева на која ќе се игра натпреварот

Египет ги започна квалификациите со реми без голови против Ангола на Меѓународниот стадион во Каиро. Салах, кој неодамна премина од Ливерпул во турскиот клуб Трабзонспор, го започна натпреварот, но селекторот Хосам Хасан го замени во средината на второто полувреме.

Египетскиот сојуз потврди дека одлуката Салах да го пропушти гостинскиот натпревар во Јужен Судан била донесена уште пред дуелот со Ангола.

„Стручниот штаб на египетската репрезентација, предводен од Хосам Хасан, одлучи да го одмори Мохамед Салах за натпреварот против Јужен Судан на 29 септември поради подлогата за игра“, објави Сојузот на социјалните мрежи.

Тие додадоа дека договорот бил постигнат во консултација со фудбалерот, со цел да се избегне каков било непотребен ризик од повреда.

Натпреварот меѓу Јужен Судан и Египет ќе се одигра на стадионот во Џуба, кој има терен со вештачка трева.