Проблеми за Реал Мадрид: Откриено каква повреда има Мбапе!

Ѕвездата на Франција и Реал Мадрид, Килијан Мбапе заработи повреда на левото колено, потврди шпанскиот гигант по дополнителните медицински прегледи.

Французинот беше испратен на нови тестови од медицинската служба на клубот, по што е утврдена хиперекстензија на задната капсула на левото колено.

Реал Мадрид во официјалното соопштение не прецизираше колку долго Мбапе ќе биде надвор од терените, односно наведе дека неговата состојба ќе биде следена во наредниот период.

Мбапе оваа сезона настапи на осум меча во сите натпреварувања, а притоа постигна осум голови и две асистенции.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.